Почина жената која вчера напладне беше прегазена од возило на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ во скопската населба Аеродром.
Полицијата јави дека се работи за жена од Скопје, на возраст од 74 години, а до возилото управувал 22-годишен скопјанец, со иницијали И.А..
Жената по незгодата со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде синоќа починала.
Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје./Makfax