Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Времето значително се менува – Метеоцентар излезе со најнова прогноза

Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Прогноза за 26.11.2024
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Утрото ќе биде ведро и студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 27.11.2024
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Утрото ќе биде ведро и студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 28.11.2024
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Наутро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК