14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Во моментов се случува брутална партизација на институциите

Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност – да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт, порача на денешниот Конгрес на СДСМ претседателот на партијата Венко Филипче.

„Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан.

Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“ рече Филипче.

Филипче додаде дека секој пат кога Владата ќе направела катастрофален потег или ќе се соочи со скандал Мицкоски фрлал медиумски бомби за да го одвлече вниманието.

„Од вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“, власта игра на картата на поделби и заплашувања. Кога шумските пожари ја зафатија земјата, наместо организирана акција и решенија, добивме обвинувања кон претходната власт. Кога економската состојба се влошува, платите паѓаат, а цените растат без контрола, добиваме закани за измислени дестабилизации. Македонија не заслужува ваква неодговорна власт која постојано нѐ „спасува“ од непостоечки опасности додека реалните проблеми се натрупуваат. Улиците се претворија во поле за пресметки на бандите, убиства имаме на секој чекор. Државата не може да се справи со растечкото насилство дури и по речиси цела година откако раководат со МВР. Ова е доказ дека секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, криминалот царува, а подземјето ги диктира политиките“ истакна Филипче.