23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За еден ден откриени 16 неисправни возила кои вршат јавен превоз во Гостиварско

За еден ден на подрачјето на Гостивар и околината биле затекнати 16 неисправни возила кои вршат превоз на патници.

Според информациите на МВР, на 29 ноември на поширокото гостиварско подрачје била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

При контролата биле откриени вкупно 16 технички неисправни возила, меѓу кои шест со неисправни сопирачки, а четири со неизвршен технички преглeд. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни платни налози.

Истиот ден, во периодот од 8 до 13 часот, била спроведена засилена контрола и во Штип. Биле контролирани 122 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 63 биле упатени во Станица за технички преглед. Утврдени биле девет прекршоци за кои се преземени соодветни законски мерки. Санкционирани биле и 17 други прекршоци.

Во акциска контрола, пак, во Битола, биле контролирани 89 автобуси или други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 54 биле упатени на технички преглед, при што кај четири биле констатирани неисправности. За сите неправилности издадени се соодветни налози.