12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопјанец во автомобил превезувал 12 мигранти од Авганистан

Триесет и седумгодишен скопјанец е приведен откако во неговиот автомобил биле откриени 12 мигранти од Авганистан.

Според информациите на МВР, вчера во 12:30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници го уапсиле Б.И.(37) од Скопје, поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце – Куманово, со автомобил „ауди А8“ превезувал 12 лица мигранти од Авганистан.

При обид да биде запрен, тој избегал. Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Спонзорирано: