Владата денеска донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи Општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка, или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината.
Во таа насока е и препораката за наоѓање итно решение за замена на постоечкиот начин на загревање на Општата болница Куманово со можностите за греење на гас, имајќи го предвид планираното воведување на гасификација во Општа болница Куманово при изградбата на новиот ургентен – хирушки центар при ОБ Куманово.