Медиумите блиски на опозицијата вчера почнаа со објавување на видео старо повеќе од две години, на кое Али Ахмети е видно нервозен.
Ахмети во видеото е незадоволен и запраша кој толку ги разединил Албанците за да имаат толку многу политички партии. Ахмети смета дека со тоа што Албанците се поделени на повеќе партии, се губи гласот и нервозно удираше по масата во студиото на ТВ21, но не вчера, туку пред една година.
Интересно е што ова видео се појавува во еден клучен ден, а тоа е 20-ти октомври 2019 денот кога меѓу лидерите беше направен договор за нови предвремени избори, а се разбира во тоа учествуваше и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.
Крајната цел на медиумите блиски до опозицијата се оствари, со оглед дека ова видео ги преплави социјалните мрежи, а има и кластери на најчитаните македонски агрегатори, а тоа е граѓаните да бидат изманипулирани и да мислат дека лидерот на ДУИ е видно нервозен и веќе ја почнал кампањата со жестока реторика, но вистината е многу поинаква, а тоа е дека ова видео е снимено интервју од 2017-та година за емисијата Клик плус на националната телевизија ТВ21.
видеото од 2017-та подолу:
https://www.youtube.com/watch?v=ssdEIzU-piI
видеото од 2019-та подолу:
https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1099767250227177/