Centar.mk
СВЕТ

Белгискиот премиер: Русија нема да изгуби војна, тоа е илузија

Белгискиот премиер Барт де Вевер предизвика остри реакции со изјавата дека Русија нема да ја загуби војната во Украина нарекувајќи го таквиот исход бајка и илузија, пренесе „РБК Украина“ врз основа на неговото интервју за „Ла Либре“.

Тој изјави дека замрзнатиот руски имот на крајот ќе мора да ѝ биде вратен на Москва и дека секој обид за конфискација е кражба.

Де Вевер нагласил дека Белгија е под огромен притисок за прашањето за одземање руски средства, но дека тоа би било чекор без преседан.

Тој додал дека дури и поразот на Русија би бил непосакуван поради ризикот од нестабилност во нуклеарна сила.

Премиерот тврди дека Кремљ упатил директни закани до Брисел со најава за вечна одмазда доколку Белгија дозволи ЕУ да го конфискува рускиот имот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК