10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со ребаланост се обезбедени 183 милиони денари за нов колекторски систем за Охридското Езеро

Владејачкиот СДСМ преку соопштение потенцира дека ребалансот на буџетот предвидува средства за еколошки проекти, пред сè за заштита на Охридското Езеро.

Во ребалансот на буџетот, велат од СДСМ, се издвојуваат 183 милиони денари за нов колекторски систем, како дел од мерките за заштита на Охридското Езеро.

„За потсетување, по речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води. Децениската негрижа и големата урбанизација во изминатите десетина години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа колапс на охридското крајбрежје и закана Охрид да биде отстранет од листата на УНЕСКО на заштитено светско наследство“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека Владата, Општината и сите надлежни институции прават сè Охрид и Охридскиот Регион да останат на листата на УНЕСКО.

Можеби ќе ве интересира

Гори кај Долно Дупени – Спасени се викендиците и куќите, делуваат ер-трактори

ДЕСК

Драма на Охридското Езеро: Се запали и потона глисер (ФОТО)

ДЕСК

„Граѓаните нема да бидат жртви на дивоградбите“ – Бујар Османи најавува безкомпромисна борба со нелегалната градба во Чаир

ДЕСК