Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена кашикара во Битола

На 08.10.2025 во 14:38 часот во СВР Битола, вработен во ЕВН Битола пријави дека при вршење ископ на ул.„Стара Чешма“ во Битола била пронајдена рачна бомба-кашикара.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.