Centar.mk
фото илустрација/АИ
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка: Прво удрил во паркиран автомобил, а потоа и во малолетник кој со повреди е пренесен во болница

На 08.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од лице(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК