Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење на граничниот премин кај Гевгелија

На 08.10.2025 околу 07:20 часот на автобуска станица во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Т.(32) од Иран, затоа што на увид приложил фалсификувана лична карта.

Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија е донесена пресуда „условна осуда“ казна затвор од една година доколку во период од две години не се повтори делото и казна „протерување на странец“ во траење од една година.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК

ВОЗЕЛ „АУДИ“ СО 2,20 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – Приведен скопјанец во Охрид, возилото му е одземено

ДЕСК