27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Жељко Јоксимовиќ на 3-ти август во Охрид!

Една од најголемите ѕвезди во регионот, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ ова лето доаѓа во Охрид, со уште еден во низата на успешни концерти.

Како што ни соопштија организаторите – Прагма Продукција, концертот е закажан на 3-ти август 2019 год., на стадионот “Билјанини Извори”.
“Ја обожувам македонската публика, едвај чекам да настапам во прекрасниот Охрид. Неверојатно е чувството да настапиш пред десет илјади публика која во еден глас ги пее сите твои песни, дефинитивно ќе биде една незаборавна ноќ! Затоа ќе ги поканам сите да се придружат и ќе им ветам дружба и забава која не била приредена подолго време!”

Миленикот на сите генерации ќе приреди голем спектакуларен концерт за паметење, кој ќе трае повеќе од 2 часа.

На концертот ќе се отпеат најголемите хитови како Љубави, Није љубав ствар, Лане моје, Девојка, Либеро, Дрска жено плава, како и поновите хит песни на Жељко како што се “Дама”, “Звезда”, “Рањена Ѕвер”, “Милиметар”, најновата “Можда је то љубав” и многу многу други.
Ни претстои вечер исполнета со многу изненадувања, музика и забава.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 27.06.2019 (четврток) и истите ќе може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.