Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најнова вест: Груевски е приведен во Будимпешта

Бегалецот Никола Груевски утрово бил приведен.

По наредба на судот Никола Груевски со лисици на рацете бил пренесен на рочиште во судот.

Според унгарските медиуми Груевски е приведен на рочиштето по барањето за екстрадиција кое беше поднесено од Македонската страна.

Медиумите јавуваат дека рочиштето е зад затворени врати, а порталот Index.hu објави и фотографија на која се гледа како екс-премиерот ги носи и наочарите за кои велеше дека се 300 евра, а опозицијата тврдеше дека се над 60.000 евра.

Груевски беше обвинет и осуден во предметот за мерцедесот и треба да одслужи 2 години затворска казна во Македонија. Тој е обвинет во уште посериозни предмети.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК