Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО ЛОКАЛ: Три малолетнички затекнати по полноќ во угостителски објект

Денеска (14.12.2025) во периодот од 00:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во додејство со Управа са јавни приходи и Државна пазарна инспекција извршиле акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Гостивар. При контролата, во угостителски објект на ул.,,Живко Брајковски” во Гостивар затекнати се три 17 – годишни малолетнички после 24:00 часот, кои се предадени на нивните родители.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе следува соодветен поднесок за присуство на малолетноци во објектот после 24 часот, додека од страна на другите органи ќе бидат преземени соодветни мерки во рамки на нивните надлежности.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК