Овој рецепт е сè што ќе ви треба кога станува збор за слатки…
Направете сами баварски крем – лесен десерт кој можете да го послужите како освежувачки десерт за време на летните денови, но и како универзален крем за полнење крофни, кроасани, за филување палачинки, торти…
Состојки:
500 мл млеко; 250 гр шеќер; 20 гр желатин; 6 јајца; 400 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките, па со миксер разматете ги жолчките. Во тенџере ставете млеко и загрејте, па додајте шеќер и разматени жолчки со непрекинато мешање. Кога кремот ќе згусне, тргнете го садот од шпорет и оставете да се излади.
Разматете желатин во вода, и со мешање додајте го изладениот крем. Со миксер разматете слатка павлака, па соединете со смесата од жолчки. Добро изладете во фрижидер пред послужување.
Ако го служите како десерт, а не како полнење или фил, имате безброј можности – баварскиот крем послужете го со кекс, овошје, сладолед…
Уживајте!