Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Летна ШемаЗдравјеТОП ВЕСТИ

Совети: Како да преживеете 40 и повеќе степени?

Синоптичарите најавија 35 степени, а во следниот период се очекуваат и повеќе…

Покрај препораките да не излегувате надвор во време на високи температури – ако не морате, да не возите во тој период, Радио Сарајево пренесува неколку совети: како да се разладите, што да избегнувате, кога да одите на лекар…

Настојувајте да го разладите просторот во кој живеете. Мерете ја собната температура. Идеално би било собната температура да ја држите под 32 степени преку ден и под 24 степени ноќе. Тоа е посебно важно за децата и за постарите од 60 години, како и за лица со хронични здравствени проблеми.

Користете го ладниот ноќен воздух за да го разладите домот. Отворете ги прозорите за време на ноќта и раните утрински часови кога надворешната температура е пониска.

Намалете ја количината на топол воздух во станот или куќата. Преку ден затворете ги прозорите и ролетните, особено оние свртени кон сонцето. Изгаснете ги сите светла и што е можно повеќе електрични уреди.

Ставете завеси и тенди на прозорите.

Обесете влажни крпи како би го разладиле воздухот во просторијата. Но, не заборавајте дека со тоа се зголемува влажноста.

Ако имате уред за разладување, затворете ги вратите и прозорите како не би трошеле повеќе енергија.

Електричните вентилатори можат да овозможат олеснување и освежување, но ако температурата е над 35 степени, нема да спречат болести поврзани со големите жештини. Важно е да пиете доволно течности.

Одете во најладната просторија од вашиот дом, особено ноќе.

Ако вашиот стан не можете да го држите ладен, поминете 2-3 часа дневно во ладен простор (на пример јавна зграда која е климатизирана).

Избегнувајте излегување во најтоплиот дел од денот.

Избегнувајте напорна физичка работа. Ако морате напорно да работите правете го тоа во најладното доба од денот, што обично е наутро помеѓу 4 и 7 часот.

Побарајте сенка.

Не ги оставајте децата или животните во паркирано возило.

Редовно користете креми со заштитен фактор од УВ зрачење.

Избегнувајте излегување на сонце од 10 до 17 часот.

Туширајте се во млака вода.

Носете лесна широка светла облека од природни материјали. Ако излегувате, ставете шешир или капа и наочари за сонце.

Користете лесна постелнина.

Избегнувајте алкохол и пијалоци со премногу кофеин и шеќер.

Јадете почесто мали оброци.

Побарајте помош ако имате вртоглавица, слабост, немоќ или постојано сте жедни и имате силна главоболка.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
ПАДНА ОДЛУКА: Ново значително поевтинување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во… Прочитај повеќе

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво проверува на телефонот што кажал Апасиев

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека е изводливо до 2030 година земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тој од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ од Велес кажа… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе