23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Министерот задолжен за дијаспора се огласи на фејсбук во врска со случувањата околу Евровизија: Нашата дијaспората е хетерогена, како што впрочем е и нашата земја

Интегрално го пренесуваме фејсбук статусот на Едмонд Адеми, Министер без ресор задолжен за дијаспора:

Распространети низ целиот свет, но поврзани со родното место. Ова е дијаспората, која покрај животните предизвици низ различни агли на светот, сепак се вградени во границите на матичната земја.

Оддржувањето на врските со татковината го означува духовниот интерес за секој што е дел од дијаспората.

Прв пат, во овие 28 години независна држава, една Влада реши да гради институционална соработка со дијаспората, преку донесување на национална стратегија. Да гради мостови на соработка. Да гради дијалог.

Нашата дијaспората е хетерогена, како што впрочем е и нашата земја. Разлчни по етничка, верска, и политичка припадност. И тоа е природно, и тоа e нормално, и не треба да се генерализра. Напротив, таа хетерогеност и диверзитет треба да се искористи за добробит на државата и општеството.

Викендов, за настапот на Тамара на Евровизија се изразија многу луѓе, се изразија и многу светски медиуми. Огромни, позитивни рекации. Тој момент, тие чувства, тие емоции, во еден момент не обединија сите.

Се изјаснуваа и индивидуалци од дијаспора, се изјаснуваа и индивидуалци во земјата. За жал во тие изјаснувања не изостанаа и меѓусебните навреди.

Меѓусебните навреди, од било која страна, за мене како министер се целосно неприфатливи.

Личните ставови на поедници изнасени на социјалните медиуми не ги претставуваат ниту моите ставови како Министер за дијаспора, ниту пак ставовите на Владата на Република Северна Македонија во целина!

Како што верувам, дека навредите кон Тамара, и кон државата, што беа присутни, од страна на поедници и здруженија од дијаспората, истотака не се ставови на целата дијаспора.

Раните од таквите поделби, треба да се залечат, и ќе се залечат, но за тоа треба време, и целосен ангажман на сите општествени и политички чинители и во државата и во дијаспората. Тоа мора да биде обостран процес.

Музиката како уметноста е оружје за зближување, и како таква треба да се искористи. Тамара и нејзиниот тим тоа го направија одлично.

Да продолжиме да ги поддржуваме ваквите успеси на наши уметници, научници, студенти, инжињери, лекари, каде и да се, бидејќи нивните лични успеси, се успеси и за државата, како што и сите успеси на нашата држава, се и наши лични успеси.