Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за Бугаринот кој се обиде да шверцува мигранти на Табановце

Судот му определи 30-дневен притвор на бугарскиот државјанин кој се обиде да шверцува мигранти преку граничниот премин Табановце.

Црински службеници при преглед на товарно возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки откриле мигранти во покривниот дел од возилото, во наменски приспособен простор.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција сооштија дека мигрантите се по потекло од Ирак, а Бугаринот ги презел од Солун со намера да ги превезе илегално кон западноевропските земји.

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден од користољубие, илегално пренесувал осум лица – мигранти со потекло од Ирак. Тој, со комбе марка ‘форд транзит’ со бугарски регистарски таблички, со цел илегално да ги превезе до западноевропските земји ги прифатил мигрантите во Солун. Во импровизиран бункер во кровниот дел на возилото ги сместил во легната положба и поминувајќи го граничниот премин Богородица, преку автопатот Е 75 пристигнал на граничниот премин Табановце“, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – „Ниту една повеќе“ повикува на собир од 17 часот

ДЕСК

ВО 11 ЧАСОТ ЈАВНА СРЕДБА ЗА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ – Експертите ќе разговараат за пристапот до правда

ДЕСК

ТРИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК – Пресметките на МОН покажуваат 156 денари дневно

ДЕСК