Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

Метеоролозите анализираат можни сценарија за зимата во Европа, при што дел од експертите предупредуваат на потенцијално значително заладување по празничниот период. Според нив, ослабен поларен вртлог би можел да овозможи навлегување на арктички воздух и да предизвика бранови на многу ниски температури, особено во почетокот на новата година.

Иако нема целосен консензус меѓу стручњаците, постои загриженост дека по Божиќ може да следи фаза со изразено студено време, кога арктичките воздушни маси би можеле подиректно да навлезат на европскиот континент. Ова би можело да резултира со периоди на мраз, пониски дневни температури и зголемена појава на магла, особено во котлините.

Прогнозите за јануари засега укажуваат на променливо време со релативно поблаги дневни температури во одредени периоди, но метеоролозите предупредуваат дека мирната атмосфера, заедно со ниските ноќни температури, може да доведе до често замрзнување и специфични зимски појави.

Поларниот вртлог е голем атмосферски систем што претставува силна циркулација на ладен воздух околу поларните региони, присутна во стратосферата и тропосферата. Во нормални услови, овој феномен го задржува многу студениот воздух на север, но кога ослабува, може да овозможи негово спуштање кон појужните географски широчини, што води до нагли заладувања, мразови и снежни врнежи.

Метеоролозите наведуваат дека вообичаено влијанието на поларниот вртлог најмногу се почувствува во зимскиот период, но и за време на премините меѓу сезоните. За време на Божиќ, во поголем дел од Европа се очекува релативно благо време, со неколку регионални исклучоци.

Слични прогнози доаѓаат и од Соединетите Американски Држави, каде што Националната океанска и атмосферска администрација прогнозира температури над просекот за декември. Дополнително, климатскиот феномен Ла Ниња е присутен и се очекува да има влијание врз глобалните временски услови сè до февруари 2026 година, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу развојот на зимата.

Можеби ќе ве интересира

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК

Полицијата на нозе – се трага по исчезнат велешанец

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.