На 05 декември 2025 година во 10:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу две лица на возраст од 57 и 22 години, од една страна, и едно лице на возраст од 57 години, од друга страна, сите жители на Скопје.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.


