На 25.11.2025 околу 10:00 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потраги, на подрачјето на ЕВР Гази Баба привеле 26-годишен жител на Гевгелија. Тој бил баран по Централна потерница издадена од Основниот суд во Гевгелија за кривични дела „криумчарење мигранти“ и „организирање на група и поттикнување на извршување на дела поврзани со трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти“, за што е осуден на осум години и шест месеци затвор.
Лицето по приведувањето е предадено во КПУ Затвор Идризово за понатамошна постапка.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


