На 18 ноември 2025 година, на неколку различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица: 29-годишен маж од селото Грушино, општина Арачиново, како и 26-годишен, 47-годишен и 25-годишен маж од Скопје.
Кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.


