Centar.mk
фотографијата е илустративна / Pixabay
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу автомобил и мотор на патот Удово – Валандово, повредени тројца, меѓу нив и малолетник

На 16.11.2025 во 16:50 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на регионален пат помеѓу село Удово и Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото врши екипа на ОВР Валандово.

error: Соддржината е заштитена.