Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Започна целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во Скопје

Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на уште еден значаен проект. Во продолжение го пренесуваме обраќањето на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во врска со започнувањето на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во општина Аеродром.

После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во Аеродром.
Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен инфраструктурен зафат. „Фрањо Клуз“ е улица која игра клучна улога во урбаниот дел на општината, сообраќајница што секојдневно ја користат илјадници граѓани.

Станува збор за улица која со години е оставена на забот на времето, небезбедна, оштетена и запоставена.
Денес ставаме крај на таа слика.
Ова е улица што одамна го заслужуваше вниманието, а денес тоа конечно и го добива.

Со овој зафат, улицата ќе добие двослоен асфалт, нови рабници и уредени тротоари, создавајќи безбеден, чист и функционален простор за сите минувачи.
Ќе изградиме улица која ќе биде пример како треба да изгледаат современите градски сообраќајници – уредени, безбедни и наменети за секого.

Ова е само почеток.
Следуваат уште поголеми проекти за нашето Скопје.
Ќе работиме во секоја општина, секое маало, секоја населба.
Скопје заслужува! – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК