Centar.mk
ЛОКАЛНО

СКОПЈАНИ ПОД НОВ РЕЖИМ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ: Фрлање смет после 22 часот ќе се плаќа скапо – казните за граѓаните 50 евра, за фирмите драконски

Фрлањето отпад навечер станува луксуз, инспектори ќе патролираат 24 часа во Скопје

Град Скопје ја активира новата забрана за фрлање отпад во периодот од 22 часот навечер до 6 часот наутро, со цел воведување поголем ред во управувањето со сметот и спречување на злоупотребата на контејнерите.

Неспроведувањето на оваа мерка граѓаните ќе ги чини 50 евра, додека за фирмите и останатите правни лица казните се движат од 1 300 до 1 800 евра, а може да бидат и повисоки зависно од видот на отпадот што се исфрла.

На самиот почеток мерката ќе има пробен период, при што граѓаните и компаниите прво ќе добиваат опомени, пред да се започне со изрекување парични казни.

Со цел поголема ефикасност во спроведувањето, градските власти најавуваат промени во организацијата на службите задолжени за надзор.

Според информации на ТВ Сител, инспекторите ќе работат трисменски и ќе бидат присутни на терен 24 часа дневно, а контролите ќе ги спроведуваат сите градски инспектори и комунални редари.

Мерката се очекува да стапи на сила од денес.

error: Соддржината е заштитена.