Вечерна обиколка на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски во централното подрачје на градот со Премиерот Христијан Мицкоски беше напревена доцна синоќа.
– Скопје сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори. Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација. Најдоброто, доаѓа, порача Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.


