10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар и Чаир

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини.

Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во скопската општина Центар – на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +

Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за граѓаните за справување со загадувањето!

C +

Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место!

ДЕСК