Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени двајца измамници во Куманово, следува соодветна пријава

На 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип, соопшти МВР.

Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 – годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете, извести полицијата.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК