34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

198 санкции за сообраќајни прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (03.06.2024) во периодот од 09.00 до 13.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци.

При контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, осум возеле без возачка дозвола… На вонреден технички преглед биле упатени 55 возила, а кај 16 биле констатирани технички неисправности. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.