22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ за граѓаните: намалени камати, намалени трошоци за брзи кредити, поголеми плати

Соопшштение на СДСМ:
СДСМ продолжува со вистинска грижа за македонските граѓани и за нивниот стандард.

Со измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување се става крај на должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници сограѓани.

Каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари.

Се регулираат и таканаречените брзи кредити, каде трошоците не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот.

Минималната плата од времето на ДПМНЕ е зголемена за над 100%, просечната плата за над 70%, континуирано растат и пензиите.

Потпишан е општ колективен договор за јавниот сектор со синдикатите, според кој веќе во септември, околу 130.000 вработени во јавниот сектор ќе добијат повисока плата за 10 проценти.

За овие вработени исто така е обезбеден регрес за годишен одмор, односно К 15 во висина од 10.000 денари што ќе се исплати до крајот на годината.

Во изминатите 5 години платите во образованието се зголемени за над 36%, вработените во здравство во три наврати добија зголемување на платите а зголемување на платите е одезбедено и во Армијата, МВР, судството, детската заштита…

СДСМ го цени и го вреднува трудот на работниците.