Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кој е следен? САД подготвуваат црна листа со 19 политичари и најавуваат жешко лето во регионот

Кој ги минира амереканските напори за напредок на државите од Западен Балкан?

САД нема да запрат со објавувањето на нови имиња на личности кои се дел од црната листа на САД од регионот, меѓу кои и нашата земја.

Американците подготвуваат црна листа со дури 19 имиња на политичари од Западен Балкан меѓу нив се разбира ќе бидат и луѓе од Македонија. Оваа информација ја објави телевизијата „Алџезира“ коментирајќи го говорот на американскиот пратеник за Балканот Габриел Ескобар.

фото: Pixabay

Како што се наведува листата се подготвува 5 години а целта е да се открие кој ги опструира американските напори за напредок на државите од Западниот Балкан.

Досега на црната листа на САД се запишани струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и бизнисменот Орце Камчев, претходно во поновото време на листата се најдоа и екс-премиерот Никола Груевски и екс-директорот за УБК, Сашо Мијалков.

САД изминатиот период недвосмислено нагласија дека покрај корумпирани личности, на црната листа би можело да се најдат и луѓето кои ги поткопуваат Преспанскиот и Охридскиот договор.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК