Вчера бил уапсен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс.
Во акцијата е приведен и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар.
Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.
Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.
Обвинителството најави и прес-конференција за овој случај во 13 часот.