Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

380 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 380 возачи. Од нив, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 176 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 204 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК