Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува.
Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати и казни ќе плати уште 10.000 денари, но ни денар повеќе.
По големата загриженост кај граѓаните поради многу случаи на презадолженост од превисоки камати, провизии и казни за земени брзи кредити, реагираа и од владеачката партија, па така од власта посочија дека измените на законите за облигациони односи и извршување ќе се применуваат и за услугите од финансиските друштва, односно компаниите кои нудат брзи кредити.
– Измените директно ќе се однесуваат и на Законот за финансиски друштва каде што е регулирано финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит ако трошоците што не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит, велат од СДСМ и додаваат дека надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот а кои произлегуваат или на каков било начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги.
Од СДСМ посочуваат дека всушност на овој начин државата ја зајакнува и контролата, со новите измени и дополнувања на Законот на финансиски друштва се зајакнува и контролата на државата врз работењето на финансиските друштва но и во она што значи наплата на трошоци, висина на трошоци но бидејќи овде не беше вклучена казнената камата бидејќи таа е регулирана со Законот за облигациони односи затоа велиме дека со овие измени директно ќе влијае и на Законот за финансиски друштва односно на односите којшто се создаваат помеѓу финансиски друштва и корисниците на финансиските услуги, додаваат од владејачката партија.
Јавните сведоштва на социјалните мрежи одат дотаму дека за кредит од 7000 денари, скопјанка дошла до можност да го изгуби и станот во кој живеела земајќи други кредити за да го покрие првиот. Вртлогот во кој влегуваат многумина станува опасен и токму тоа е причината за презадолженост на многумина наши сограѓани.
Леснотијата со која се даваат овие кредити дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи за да се подигне ваков кредит доволно е само лична карта или брзо аплицирање на интернет, а полицијата имаше и полни раце работа изминатиот период бидејќи имаше разни случаи на злоупотреба на туѓи лични карти за подигање на вакви кредити кои буквално може да се подигнат од секој ќош.
Тоа е така затоа што овие компании кредитите ги обременуваат со админстративни трошоци, кои некогаш изнесуваат и 50 отсто од земениот износ за кредит, па кога на тоа ќе се додаде казнената камата за доцнење, тогаш некој кој должел 10 000 денари, за многу брзо време да треба да врати и 30.000 денари кон финансиското друштво.
Усвојувањето на овие законски измени ќе стави крај на должничкото робство на одредени поединци и семејства, најмногу кон финансиските друштва за брзи кредити.