Започнуваме историски најголема градежна офанзива преку договорот на државата со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за 1,3 милијарди евра, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески во гостувањето во ТВ24.
-Се започна со одлука од Собранието поддржана од пратеници од власта и опозицијата за стратешко партнерство со конзорциумот. Станува збор за четири делници: Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар, Гостивар-Будојчани и Требениште-Струга-Ќафасан. Тоа се големи делници што значат поддршка на граѓаните, стопанството и економијата, рече Талески.
Тој додаде дека околу 650 милиони евра ќе бидат вложат во македонските градежни компании.
-Апелираме како коалиција да не се фрла сенка на вакви крупни проекти кога со пари од граѓаните се инвестира во автопатишта. Тие не се трошат на врби и стиропор. ЕУ го прогласи Коридорот 8 како главен проект и ние имаме обврска да го изградиме коридорот. Ова не се локални компании што денеска ќе го почнат коридорот, а утре нема да го завршат. Тие граделе и во Хрватска и во Албанија, кажа Талески.