Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Талески: Градиме нови 110 километри автопат, се грижиме за граѓаните и стопанството

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески во гостувањето во ТВ24 кажа дека ако во рок од 32 години во земјата се изградени 186 километри автопати, сега со договорот со „Бехтел и Енка“ во рок од пет години ќе се градат 110 километри автопати.

-Треба да зборуваме за придобивките за граѓаните и стопанството, односно дали ќе останеме кружен тек во регионот или раскрсница? Треба да ги користиме придобивките преку коридорите 8 и 10Д со кои ќе ја поврземе државата со неколку пристаништа, кажа Талески.

Според него мисловна именка било до пред неколку години да се разговара меѓу власта и опозицијата за изградба на еден ваков проект со пари на граѓаните.

-Целиот процес е воден на транспарентен начин. Повеќе од година дена е донесен Законот во Собранието, а сега кога е дојдено до реализација на ВМРО-ДПМНЕ почна да им смета, зашто во време на СДСМ ќе биде направен најголемиот капитален проект, кажа Талески.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +