Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Расчистена тешка кражба во Битола, приведени три лица, одземеното вратено на сопствениците

На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода Ф.С.(40), А.В.(34) и А.Р.(37), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на ул.„Страшо Пинџур“ во Битола, при што одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Драма во центарот на Скопје: Додека се возел со своето порше, му го попречиле патот две возила од кои излегле неколкумина и му се заканиле со пиштол и му го скршиле ветробранското стакло

ДЕСК

Драма во локал во Аеродром – се однесувал агресивно кон малолетник, па следела физичка пресметка со таткото

ДЕСК

Четиригодишно дете повредено во тешка сообраќајка

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.