23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Бектеши: ЕСМ моментално не увезува струја, туку може да се компании од слободниот пазар, а не регулираниот

МЕПСО ги следи и повлекувањата, но ги следи и вишоците кои се оставаат во европската мрежа, кои други држави или други снабдувачи ги повлекуваат од тоа што се произведува во нашата држава, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

– Сакам да ги уверам сите граѓани, имав координација со генералниот директор на ЕСМ дека во нашата држава моментално не се увезува електрична енергија за потребите на регулираниот пазар каде што се домаќинствата и малите потрошувачи. Овие повлекувања не се сите од страна на ЕСМ. Повлекувањата може да се направат и од тие снабдувачи на електрична енергија кои ги снабдуваат тие компании кои се на слободен пазар за да тие проекции кои не ги направиле навремено или пак проекции кои заради времето и други околности може да се случат. 1700 мегавати повлекувањето е само во недела и повеќето не е направено од ЕСМ, направено е главно од снабдувачите кои ги снабдуваат компаниите во слободниот пазар, потенцира Бектеши.