15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Бектеши: Ремонти на постројките секогаш може да се очекуваат

Ремонти на постројките секогаш може да се очекуваат, информира министерот за економија Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата со Осломеј.

-Тоа не се поврзува со температурите, значи има редовни ремонти, има вонредни ремонти, може да се случи тоа кога се работи и со каква технологија работи ЕСМ, може секогаш да се очекува такви ремонти. Најважно од се е дека ЕСМ е подготвена и за првпат во нашата држава има резерва и во делот на трансформаторот, не дај Боже да се случи најлошото. Со МЕПСО еднаш месечно или во два месеца може да се утврди кој снабдувач или кој трговец со електрична енергија повлекол одредени количини. Во дневна база не се знае точно кој повлекол од мрежата во делот на електричната енергија. Тоа се утврдува после еден месец или после 2 месеци согласно податоците и договорот што го има МЕПСО и затоа тоа не е дел на извештајот што го подготвува Владата. Јас кажав дека во недела повеќето од повлекувањето е направен главно од тие што ги снабдуваат компаниите во слободниот пазар и дел секако дека е од страна на ЕСМ, нагласи Бектеши.

Спонзорирано: