5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Убава вест од Бектеши: Минималната ќе изнесува околу 20.500 денари, што е зголемување за 2000 денари на платите во администрацијата

Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека е воведено законско решение во делот на утврдување на минималната плата, не со административна одлука на одредена Влада, или на некое министерство, туку веќе е воведена таа методологија која е целосно усогласена и со синдикатите и со институциите каде согласно сите податоци од претходната година најверојатно минималната плата во март би требало да биде околу 20.500 денари.

– Во приватниов и во јавниот сектор во државата и тие средства се предвидени во сите инсититуции со буџетот од 2023 година. Дополнително на тоа за да имаме еднаквост во делот на платите и во администрацијата би требало околу 2000 и нешто денари да има зголемување, линеарно на сите плати во администрацијата се со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација. Тие средства веќе се предвидени, има буџет за тоа зголемување и јас очекувам дека ќе биде над 2000 денари, линеарно за секоја категорија во државната администрација, имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, рече Бектеши.

Според него, ако некој се спротистави на зголемување на платите би направил голема грешка.

-Ако треба и законско решение да се носи, најверојатно сите политички партии во собранието би го поддржале. Јас сум информиран, сит епроекции, калкулации од г – динот Бесими се направени, тоа го најави и министерот Бесими и секако дека треба да направиме се што е во наша можност да ги зголемиме платите имајќи го во предвид и инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме и како Влада. Колку што сум информиран министерот Бесими веќе ги носел тие одлуки и е подготвен да се направи ова зголемвуање и во делот на минималната и во делот на другите административни службеници, истакна Бектеши.