„На Самитот за Западен Балкан што се случи во Тирана пораката беше јасна. Иднината на овие земји и граѓаните лежи во Европската Унија. Цврсто сме посветени на пречекување на Западен Балкан во нашето семејство“ рече шведската амбасадорка Ани Ларсон Џаин на годишната конференција „Година на нови можности“.
Таа додааде дека политичките реалности изминатава година донесоа чувство на итност, но ориентирите и условите мора да се запазат.
„Процесот ќе остане ригорозен и токму затоа треба посветеност, одлучност и национален консензус околу насоката, односно членството во ЕУ“ рече Ларсон Џаин.
Шведската амбасадорка истакна дека ЕУ го цени усогласувањето со надворешанта политика на ЕУ и воведувањето на санкции против Русија по неприфатливата и неиспровоцирана руска инвазија на Украина.