17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Потребно е стратешко поставување за задржување на добрите работници во администрацијата

„Потребно е стратешко поставување кон добрите кадри и добрите работници во нашата администрација, бидејќи тие ќе одредат колку долго ќе траат нашите преговори со ЕУ“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека нашите институции имаат капацитет, но тоа се базира на малкумина вредни луѓе кои работат за повеќе од еден човек.

„Ако вложиме доволно средства и ги задржиме тие луѓе, а тие кои се помалку вредни или помалку работат да ги натераме да работаат повеќе или да најдат друга работа надвор од јавниот сектор, ќе завршиме пола од работата“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека сеопфатна стратегија, која ќе најде добар систем за сите, особено за луѓето што се вложуваат во преговарачкиот процес ќе биде најдобра инвестиција за оваа, но и за сите идни влади.