15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска учествуваше во дипломатскиот дијалог посветен на Западен Балкан.

Учесниците на сесијата дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и беше посочена потребата за одржување на стабилноста, создавање на услови за поттикнување на економскиот раст на државите, и неопходноста за решавање на замрзнатите спорови.

Имајќи го предвид новиот геополитички контекст, лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на Европската Унија на Западен Балкан и разменија и мислења околу можностите за изнаоѓање на нови платформи за промовирање на дијалогот и јакнење на меѓународните партнерства.

Покрај претседателот Стево Пендаровски на панелот посветен на Западен Балкан учествуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Албанија, Хрватска, Косово и Црна Гора, сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александер Шаленберг, чешкиот министер за европски прашања, Микулаш Бек, министерката за надворешни работи и вицепремиерка на Словенија, Тања Фајон, претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, директорот на француската дирекција за надворешна безбедност, Бернар Емие, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, федералниот советник за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, како и претставници на УНДП и Европската банка за реконструкција и развој, ЕБРД.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК