Во тек е втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати.
Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари.
Пари доаѓаат на сметките на социјално загрозените
Од вчера почна исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Поддршката се однесува на корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток,
корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Вчера почна исплатата и за помош за невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, согласно Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. тоа значи дека финансиската поддршка за овие корисници изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци и го исплаќа Агенцијата за вработување на Северна Македонија.