24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.КУЛТУРАТОП ВЕСТИ

Преку „Отворен Балкан“ поактивно се промовира културата, наскоро се отвора КИЦ и во Белград

Северна Македонија е активна во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, оцени министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, коментирајќи ги проектите од оваа област кои се реализираат преку иницијативата.

-Министерството за култура ќе организира состанок во однос на последниот потпишан договор за соработка во кинематографијата и аудио-визуелните добра. Исто така, во рамките на „Отворен Балкан“ имаше неколку гостувања на оперите во Скопје и во Белград, соработувавме заедно на фестивалот „Рути“, соработувавме заедно и на други иницијативи како размена на ансамбли од Драмски театар во Белградско народно позориште, кажа министерката на денешната прес-конференција посветена на предлог-буџетот за наредната година.

Одговарајќи на новинарско прашање за отворањето културно-информативни центри во Скопје и Белград, Костадиновска Стојчевска кажа дека законот за ратификација е во собраниска процедура и интензивно се работи на изнаоѓање соодветен простор во двата града за што поскоро да се отворат културно-информативните центри.