Centar.mk
промотивна фотографија на Дац и Александар – Дамите Бираат
КУЛТУРА

Дац и Александар – Дамите Бираат

милениците на женската публика, дуото ДАЦ И АЛЕКСАНДАР, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „ДАЦ И АЛЕКСАНДАР – ДАМИТЕ БИРААТ“.

МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, а гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат во едно – за да се прослави љубовта кон жената.

Концертот ќе биде збогатен со голем оркестар од 15-тина луѓе на сцена, предводен од маестралните „ДРИМ ТИМ“, како и со специјални музички гости (музички доајени на естрадата) и пријатели на дуото.

Публиката ја очекуваат две волшебни вечери исполнети со елеганција, љубов и боемштина, а Дац и Александар со своите хитови и изборот од евергрини ќе ја исполнат салата со љубов, убавина и ноти што допираат директно до душата.

На оваа целовечерна прослава на љубовта по концертот во фоајето на МНТ присутните ќе уживаат и во гала коктел забава и дружење со Дац и Александар, заедно со DJ Миле Ѓуриќ и Боби Јоргушевски.

Слоганот на овие концерти е “ДАМИТЕ БИРААТ, А МАЖИТЕ РЕЗЕРВИРААТ” и тоа, како што велат Дац и Александар, “мажите да го направат навреме”. Од МНТ велат дека веќе има огромен интерес за билети по официјалното пуштање во продажба на 1 декември.

Билетите се достапни на билетарницата во МНТ и онлајн преку www.mnt.mk или може да се добијат подетални информации на бројот +389 2 3230 304.
Пристигнува најубавиот подарок за 8 март!

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Чија си“ – авторизираната биографија на Славе Димитров од Максим Ристески

ДЕСК

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК