24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Лукаревска: Прогресивното оданочување не се случи бидејќи не сакаме проблематични решенија без дебата

„Прогресивното оданочување се откажа бидејќи не треба да носиме проблематични решенија, туку треба да поминат дебати со систе страни. Кога се носеше прогресивното оданочување, јас не бев доволно информирана за размислувањата, туку слушнавме на прес-конференција дека ќе влеземе во таква фаза“ изајви директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека таа како директорка на УЈП ќе инсиситра дебатата околу даноците да трае ако треба и две години, но да се донесе соодветна реформа со земени во предвид сите ставови и споредбени искуства.

Лукаревска кажа дека даночната реформа сега нуди проширување на даночната основа, ја засилува борбата против сивата економија и покажува праведност.

„Тоа е суштината на еден даночен систем – праведност, транспарентност и ефикасност во наплатата на приходите. Ова е мал сегмент од направеното во промените во даночните закони. Нема драстични промени што ќе значат дефокус на даночните обврзници“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП кажа дека промените се во даночните олеснувања и ослободување со цел да се укинат одредени привилегии каде што не треба да има.