Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски во посета на Ристо Донев интернационален мајстор во дописен шах

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети 60-годишниот Ристо Донев, лице со церебрална парализа, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах.

Тој го запозна претседателот Пендаровски со неговите шаховски достигнувања, со освоените бројни признанија, медали и пехари, но и со предизвиците со коишто се соочува 13 години, неговите успеси да бидат институционално признати во нашата држава со што ќе му се овозможи, како што вели, заслуженото право на спортска пензија.

Неговиот татко, Трајко Донев, потсети на годините кога поради неможноста да посетува училишна настава, лично тој го образувал својот син. Ги нагласи вложените натчовечки напори на Ристо, што и покрај атипичниот развој, придонеле за целосно искористување на неговата натпросечна интелегенција. Тој ја истакна загриженоста за егзистенцијалното прашање на Ристо во иднина, бидејќи надлежните институции сметаат дека асоцијацијата која ги организира големите натпревари во дописен шах не е составен дел на Светската шаховска федерација ФИДЕ, а поради нивниот став не му следува спортска пензија.

Претседателот Пендаровски му ги честиташе на Ристо неговите исклучителни успеси коишто се поттик, позитивен пример и гордост за целата држава. Во пресрет на судското рочиште за докажување на основите на неговото барање, претседателот ја нагласи нeопходноста надлежните институции, сериозно да ги разгледаат аргументите и посветено и одговорно да пристапат кон решавање на случајот на Ристо.

Ристо Донев е човек со многу таленти и широк спектар на познавања. Освен исклучителните достигнувања во шах, се занимава и со пишување книги, поезија и проза, а поседува и напредни вештини во областа на информатичките технологии.

Видео материјал: https://youtu.be/kne66KAHLkI

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +