25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Од 1 декември субвенции за струја за над 230 компании: Се очекува поевтинување на лебот, маслото, млекото…

Како дел од антикризните мерки на владата, над 230 компани кои произведуваат основни прехранбени продукти од 1 декември ќе плаќаат субвенционирана струја, по двојно пониска цена, што треба да предизвика и пад на цените на основните прехранбени продукти во земјава.

Со тоа што овие компании ќе плаќаат двојно поевтина цена на струја од пазарната, се очекува и значително да поевтинат лебот, маслото, млечните производи, како и месото.

Согласно владината одлука компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како леб, пекарски производи, брашно, масло, млечни производи, месна индустрија ќе добиваат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час.

Целта е да се одржи стабилна цената на основните прехранбени производи, да не дојде до раст на нивните цени предизвикани од исклучително високите сметки за струја или прекин на производство

Покрај овие компании, поевтина цена за струја ќе плаќаат над 230 основни и средни училишта и 50 јавни претпријатија.

И водостопанските јавни претпријатија, основните и средни школи, како и јавните здравствени установи, ќе користат поевтина струја, со што ќе се спречи поскапување на комуналните услуги, а наставата во школите ќе се одвива непречено и без проблеми.

Покрај оваа субвенција, владата ја субвенционира и цената на струјата за 600.000 домаќинства и за 72.000 компании на регулираниот пазар.